Шпански ултиматум до Каталонија

12.10.2017 | 19:16
Прочитано: 7466

Со парада на армијата и полицијата, Шпанија го прослави националниот ден во време на една од најголемите кризи по пропаднатиот пуч во 1981 година кои ја потресуваат земјата по заканите на каталонските политичари дека ќе прогласат независност.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој му даде на каталонскиот лидер Карлес Пучдемон рок до понеделник да разјасни дали прогласил независност. Ако Пучдемон одговори дека официјално прогласил независност, шпанските власти ќе му дадат дополнителен рок, до четврток, 19 октомври за ратификација. Двата рока се поставени во официјалното барање упатено до каталонските власти, во спротивно Шпанија ќе ја суспендира политичката автономија на Каталонија и директно ќе управува со регионот. Пучдемон кој во вторникот потпиша декларација за независност на Каталонија, чија примена веднаш ја суспендира во очекување на дијалог со централните власти во Мадрид.

„Ние сакаме дијалог и одговорот е Членот 155 да се стави на маса. Пораката е примена“.
Како што оценуваат некои агенции, шпанскиот премиер Рахој најверојатно ќе повика на вонредни регионални избори по активирање на членот 155 од Уставот кој би му овозможил да ја распушти каталонската влада. Според претставници на каталонскиот парламент, со активирање на членот 155 од шпанскиот Устав само ќе се продлабочи проблемот меѓу Мадрид и Барселона.

"Она што сакам да го кажам е дека членот 155 би создал спротивен ефект на она што има намера да го направи шпанската Влада. Како што реков, репресијата не помогна да се запре овој демократски процес, колку што јас го разбирам, со примена на 155 ќе се продлабочи проблемот". - изјави Карме Форкадел-спикер на Каталонсдкиот парламент.

Се уште не е јасно, како што оценуваат светските медиуми, дали каталонската влада ќе одговори на барањата на Мадрид, но пред лидерот на Каталонците е вистинска енигма. Ако прогласи независност, централната Влада ќе влезе во регионот, анализираат експерти. Доколку рече не, тогаш ултралевичарската партија најверојатно ќе ја повлече поддршката на неговата малцинска Влада.


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.