Синдикатот на УПОЗ бара неотповиклива оставка од Зоран Караџовски

14.11.2017 | 19:06
Прочитано: 1235

Синдикатот УПОЗ бара итна и неотповиклива оставка од првиот човек на судскиот буџетски совет, Зоран Караџоски за ланските кратења на платите. Од УПОЗ велат дека на судската администрација не и се исплатени додатоците на плата од 10 % утвредни со априлското решение, не се исплатени додатоци за степен во кариера, а не е вратено ниту, како што велат, незаконското кратење на платите за време на штрајкот.

„Според синдикатот , еден од главните виновници како претседател на Судскибуџетски совет, кој поради неговата незаинтересираност, директно придонесе за негативните финансиски импликации врз вработените, ние бараме неотповиклива оставка.“ - вели Верица Тасева – потпретседател на УПОЗ.

Претседателот на судскиот совет пак, за телевизија 24 вели дека се е по закон и дека не чувствува одговорност.

„Се е по закон, и ако се бара лична одговорност, не чувствувам таква одговорност.“ - вели Зоран Караџоски – претседател на Судски буџетски совет.

Од УПОЗ велат дека се изоставени и во буџетот за наредната година. Велат дека се свесни за финансиската состојба на земјата и предлагаат да се скратат бенефициите на функционерите за да се обезбедат пари за работниците. Дополнително, велат дека во август со решение на министерот ускратена им можноста за додатоци на плата.

„Во законот за јавно обвинителската служба, со тој закон беа понудени додатоци на плата со кои вработените ќе можеа да им се покачи платата и да бидат изедначени со другите во јавните сектори “ - вели Трпе Деаноски – УПОЗ.

Од синдикатот на судската администрација бараат вработените во административните служби да ги добијат истите права и бенефиции како и јавнообвинителската служба. Велат, вработените ги добиваат судските спорови за неисплатените додатоци на плата и најавуваат дека и понатаму ќе продолжат да си ги бараат правата по судски пат.


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.