Сите жалби поднесени до Апелација досега се одбиени, Латас и Пешевски остануваат без пасош

17.07.2017 | 11:36
Прочитано: 18462

Апелациониот суд почна да ги објавува одлуките по жалбите за мерките што им беа изречени на обвинетите во случаите што ги отвори Специјалното јавно овинителство. 

Според објавените одлуки без пасош остануваат уредникот на Телевизија Сител, Драган Павловиќ Латас, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски, како и вработениот во МВР, Небојша Стојаковиќ, обвинет во случајот „Трезор“, за набавката на опрема за следење преку фирмата „Финзи“.

Мерките за претпазливост остануваат и за браќањата на Латас обвинети во случајот „Тревник“. И денеска продолжуваат јавните седници по жалбите на обвинетите за случаите на СЈО. Иако за поголем дел од обвинетите СЈО бараше притвор, сепак кривичните совети на сите обвинети им одредија поблаги мерки.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.