СЈО бара притвор за координаторот на ДУИ, во судот се очекува да се појават Мијалков и Грујевски

17.07.2017 | 13:50
Прочитано: 14257

Во моментот во Апелациониот суд во тек се јавни седници на кои се расправа по жалбите на обвинетите и на Специјалното јавно обвинителство за мерките кои им ги одреди Киривичниот совет. 

Во судот се расправаше за жалбата на СЈО против решението на кривичниот совет да не му биде одреден притвор на Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, обвинет во предметот „Титаник“ за иззборни нерегуларности заедно со Исмет Гури кој тогаш бил член на општинската изборна комисија на Чаир. СЈО останува на барањето да му биде одреден притвор на Алими, откако кривичниот суд го одбил предлогот за притвор и не им одреди никакви мерки ниту на Алими, ниту на Гури.

Во Судот се појави и поранешниот шеф на кабинет на директорот на УБК, Тони Јакимовски кој е обвинет во споениот предмет „Таргет“ и Тврдина“, а во текот на денот се очекува да се појави и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразунавање, Сашо Мијалков и поранешниот шеф на Петтата управа Горан Грујевски, обвинети во ист случај.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.