Словенија и се закани на Хрватска: Ќе ви ја саботираме туристичката сезона

12.01.2017 | 10:42
Прочитано: 3731

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави дека Словенија може да ја саботира хрватската туристичка сезона во случај Хрватска да одбие да примени одлуки на арбитражен суд за Пиранскиот залив.

„Тоа сигурно ќе и наштети на Хрватска. Мислам на оние кои од Австрија и Германија преку Словенија ќе патуваат кон Хрватска. Ако тоа прашање биде отворено и ако арбитражната одлука не биде имплементирана, ќе има потешкотии и таа работа нема лесно да се реши“, изјави Ерјавец за ТВ Сити од Словенија.

Според риечки Нови лист, Ерјавец „очигледно смислил план како би се саботирал патот на германски и австриски туристи низ Словенија кон Хрватска“.

Весникот додава дека таа скандалозна и недипломатска изјава најавува скорешна ескалација на словенечко-хрватскиот спор за судбината на арбитражната одлука на судот што се очекува оваа година.

Словенечките политичари очекуваа по промената на владата во Загреб и промена на одлуката за откажување од арбитража и за враќање на Хрватска во таа постапка, но тоа „падна во вода“ откако Загреб соопшти дека за нив арбитражниот договор е мртов.

Хрватска и Словенија не успеваат веќе 25 години да го решат тој спор со билатерални преговори.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.