Снегот ги завеа автопатите – на патарините забрането снимање?

10.01.2017 | 19:56
Прочитано: 22256
По новото снежно невреме, намалена е фреквенцијата на сообраќајот, а само едно возило на Македонија пат го чистеше патот.
 
Постоечката механизација не беше доволна да се справи со снежните наноси кои ја зафатиоја Македонија. Новото снежно невреме утрово предизвика проблеми во сообраќајот. смрзнатите коловози причина и за  сообраќајна несреќа каде беше забележано и присуство на полицијата. 
 
На  патарината на автопатот од Скопје кон Велес  на нашата екипа не и беше дозволено да снима од страна на обезбедувањето. Во обид да добиеме образложение за причините поради кои не е дозволено снимање од обезбедувањето ни беше кажано дека имаат таква наредба. 
 
На патарина од Скопје кон Куманово наидовме на повеќе разбирање од страна на вработените. Граѓаните кои што ги прашавме за моменталната ситуација на патиштата револтирано изјавуваа дека се загрижени поради нивната безбедност. Велат дека се принудени со часови да возат до нивната одредена дестинација, и дека никој не презема никаква одговорност за чистење на патиштата за кои како што велат на одредени патни правци сообраќајот е надвор од контрола, особено на патниот правец кон Куманово. 
 
Во обиколката од Скопје кон Куманово не забележавме чисти патишта, а дел од возачите беа принудени и со часови  да останат паркирани со своите возила.
 

Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.