Снегот во Босна и Хрватска го отежнува сообраќајот

14.11.2017 | 11:54
Прочитано: 889

Снежното невреме во Босна и Херцеговина и Хрватска се уште го забавува сообраќајот на поголем број патишта во високите планински предели.

По снегот во Сараево, издаден е жолт метеоаларм во градот, а нови снегови се очекуваат и во следните денови на повеќе места низ Босна. Прогнозирана е висина на снежната покривка помеѓу 5 и 15 сантиметри.

Снег падна и во Словенија и Хрватска, додека во Црна Гора прогласен е црвен метеоаларм поради дожд.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.