Сноуден претстави апликација за мобилни телефони, со која се шпионираат шпионите

24.12.2017 | 11:42
Прочитано: 3945

Поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност на САД Едвард Сноуден, кој во 2013 година ја откри американската програма за шпионажа, објавувајќи тајни документи, веќе работи како програмер на апликации за мобилни телефони.

Во видео Сноуден покажува нова апликација на чие создавање учествувал и тој лично. Кодот на програмата „Хејвн“ е слободен за преземање и е наменет за активистите, борци за човекови права и други луѓе изложени на ризик. „Хејвен“ ги користи сензорите на телефоните андроид за да ги открие промените во просторијата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.