Собранието набавува видео опрема за 120 илјади евра

13.10.2017 | 18:51
Прочитано: 718

Собранието на Република Македонија купува телевизиска аудио и видео опрема во вредност од 120 илјади евра без ДДВ. Набавката ќе се прави со електронска аукција, а при изборот ќе биде пресудна најниската понудена цена. Јавното отворање на понудите ќе се одржи на 31 октомври, кога и завршува рокот за пријавување.

Според Собранието видео опремата, професионалните уреди за видео снимање, како и фул хаде лед дисплеите се наменети за опремување на новите сали 5,7,8 и 9 кои се изградени во доградбата на собраниската зграда, со што ќе можат да се користат за собраники потреби.

„Јавната набавка на аудио и видео опрема за потребите на Собранието на Македонија е планирана набавка согласно планот за јавни набавки за 2017 година. Во Буџетот на Собранието за оваа набавка имаме средства , бидејќи за неа веќе имавме распишано еден оглас на 20 април годинава, кој беше поништен од технички причини. По поништувањето на првиот оглас се донесе одлука за спроведување на иста набавка по втор пат.“

Проектот за доизградба на Собранието траеше 6 години, со него Собранието доби нови 4.000 метри квадратни корисна површина, во кои е сместена и огромна купола. Целиот зафат државата ја чинеше скоро 21 милион евра, иако првично беше планирани 10,5 милиони евра.



Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.