Сончево и топло до 29 степени

21.10.2017 | 12:10
Прочитано: 386

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје претежно сончево  со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од шест до 26 степени.

Во наредните два дена ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури. Од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено пообилни. Во понеделник попладне, во источните делови има услови за локална појава на грмежи. Во ноќта кон вторник ќе почне да дува засилен северен ветер кој во наредните денови ќе предизвика опаѓање на дневните температури, така што на повисоките планини на север врнежите ќе поминуваат во снег.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.