Сообраќаен хаос во Хрватска поради снежно невреме

13.11.2017 | 10:23
Прочитано: 2258

Снежно невреме ја зафати Хрватска и предизвика големи проблеми во сообраќајот. Според загрепски медиуми, снег паѓа во Капела, на Сљеме, Горски Котар.

Влажните и лизгави коловози прават проблеми на патиштата во внатрешноста, а снежна бура создава проблеми во сообраќајот во крајбрежните подрачја. Можни се одрони, предупредуваат надлежните служби.

За камиони со приколки моментно е забранет сообраќајот, додека граничниот премин Пасјак е затворен за сообраќај. Поради бура во прекин се неколку линии на траекти.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.