Спасовски на распит во Обвинителство

20.03.2017 | 13:53
Прочитано: 4237

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, според најавите, денеска треба да се појави на распит во Основното јавно обвинителство.

Од Обвинителството потврдуваат дека во 12 часот Спасовски е повикан, на распит, а Спасовски вели дека нема добиено покана.

Наводните сомненија за лажирање на финансиските извештаи  и начинот на финансирањето на партијата, се предмет на истрага.

Во петокот во ОЈО на распит беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој изјави дека Јавното обвинителство отвора контра истрага на секоја нова истрага на Специјалното јавно обвинителство  и дека ќе се докаже невиноста.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.