Споменикот на Александар спорен, министерството за култура не кажува дали ќе се отстранува

13.11.2017 | 18:02
Прочитано: 13428

Дали Воинот на коњ кој се наоѓа на плоштадот „Македонија“ за која претходната Влада потрошила нешто повеќе од 10 милиони евра е следен на потег за дислокација или уривање?

За конечната разрешница работната група до Министерството за култура ги доставила првите елаборати за спомениците од фамозниот проект „ Скопје 2014 “ кои пак ќе бидат проследени до Владата која ќе одлучи што понатаму со нив. Покрај Воинот на коњ ќе се разгледува и судбината на споменикот Андон Јанев Ќосето кај комплексот судови како и скулптурната композиција „Мајка Тереза “. Министерот за култура Роберт Алаѓозовски не сакаше да прецизира дали станува збор за нивна дислокација или уривање, но најави дека институционално се разгледуваат можностите за постапување по однос на овие три споменици бидејќи како што посочи Алаѓозовски процедурите се толку згрешени што е сложено и отплеткувањето кој е надлежен да преземе активности во однос на овие објекти поставени во главниот град.

„Има 3 елаборати готови, елаборатот за споменикот на „Ќосето“, а за скулптуралната композиција посветена еве на хуманоста несреќно наречена Мајка Тереза и се разбира елаборатот на централниот споменик „Воин на коњ“. Тие три елаборати се готови и сега ние понатаму институционално ги разгледуваме можностите за постапување по однос на нив“, вели Роберт Алаѓозовски – министер за култура

Министерот Алаѓозовски вели дека „Скопје 2014“ е вирус кој треба да се изолира а не да се даде централно место во јавноста и во медиумите. Најави дека нема да дозволи понатамошна реализација на овој проект.

„Скопје 2014“ е проект што нема да дозволиме понатаму да се одвива или да ни влече финансиски средства.Од самата иницијатива до крајното финансирање прекршени се многу закони и процедури“, вели Роберт Алаѓозовски – министер за култура

Судбината за овие три споменици, временската рамка за нивна дислокација или уривање, како и финансиските импликации кои ќе произлезат како резултат на конечната одлука од страна на Владата се уште не се знаат. Министерот Алаѓозовски денеска посочи дека културното наследство не само што не било соодветно третирано, туку и дека било злоупотребено.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.