Србија испрати барање до Париз за екстрадиција на Рамуш Харадинај

10.01.2017 | 14:30
Прочитано: 2784

Министерството за правда на Србија денеска до француските правосудни органи испрати барање за екстрадиција на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај.

Покрај барањето за екстрадиција, испратена е и документација преведена на француски јазик, врз чија основа француското правосудство ќе одлучи за исполнување на условите за испорачување на Харадинај во Србија.

Харадинај минатата среда беше приведен на аеродромот Милуз во францускиот дел на Базел, врз основа на потерница издадена од Србија во 2004 година и од тогаш се наоѓа во притвор.

Тој во Србија е осомничен за воени злосторства против цивилното населени во Дукаѓини во 1998 и 1999 година, кои не се опфатени со обвинението на Хашкиот трибунал, од кое тој е правосилно ослободен.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.