Србија ќе финансира проект на Ралф Фајнс

13.10.2017 | 11:21
Прочитано: 658

Српското Министерство за култура издвои повеќе од 518.000 евра за новиот филм на Ралф Фајнс. Британскиот глумец, режисер и продуцент минатиот месец стана државјанин на Србија, а новиот пасош му го врачи лично српскиот претседател Александар Вучиќ. Парите за проектот Фајнс, како што наведуваат белградските медиуми, се „од буџетските резерви" и се одобрени од Владата на 6 октомври. Филмот е всушност приказна за рускиот балетан Рудолф Нуреев и ќе се снима во Србија.

Премиерата е закажана за наредната 2018 година. Фајнс во 2010. во Србија го оствари и своето режисерско деби - филмот „Кориолан“, според истоимената трагедија на Шекспир.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.