Србија ќе ги обесштетува девизите штедачи од поранешна СФРЈ

23.11.2017 | 11:26
Прочитано: 1652

Српската влада до Собранието достави предлог за измени и дополнувања на законот за регулирање на јавиот долг на Србија, со кој се предвидува исплата на заостанатите девизни заштеди на сите штедачи од државите на поранешна Југославија.

Со Предлогот се предвидува исплатата на штедачите да биде извршена во периодот меѓу 31 август 2019 и 29 февруари 2024 година.

Станува збор за девизни заштеди на граѓаните на некогашна СФРЈ во која било банка чие седиште било на територијата на Србија или во нивните филијали во поранешните југословенски републики.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.