Средба Заев - Ахмети во СДСМ

19.05.2017 | 12:17
Прочитано: 5259

Попладнево во 12.30 часот во седиштето на СДСМ ќе се одржи средба меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. 

На средбата се очекува Ахмети и Заев да разговараат за поделбата на ресорите и можните министри за новите функции.

Според Уставот новиот мандатар  има 20 дена за екипирање на новиот владин состав, сепак, Заев по доделувањето на мандатот посочи дека очекува преговорите за формирање на владиниот кабинет да завршат многу порано од предвидениот рок,  односно за десетина дена.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.