Среде зима – нема топла вода во дел од студентските домови

14.02.2018 | 18:07
Прочитано: 1720

Да се застане под ладен туш во февруарско утро може да се смета за јуначки чин. За дел од студентите во главниот град, ова не е предизвик, туку секојдневие.

„Ужасно е. Кога има вода се бањаме кога нема не. Така се живее овде.“ - велат студентите.

Голем број од оние кои живеат во студентскиот дом Стив Наумов, велат дека проблемот со водата постојано се повторува. Во руинираните тоалети, се тушираат со обувки, бидејќи наоколу демнат бактерии и опасност од зарази.

Досегашниот директор на Студентскиот центар, чиј мандат во моментов е истечен тврди дека екипите постојано се на терен и ги санираат дефектите. Признава дека со ист проблем се соочуваат и студентите во домот Гоце Делчев, но уверува дека оваа хаварија наскоро ќе заврши.

„Проблем е тоа што студентите користат дополнителни грејни тела, а нашата инсталација тоа не може да го изржи. И тоа е вистината.“ - вели Атанас Бојчев.

Иако се гласни на социјалните мрежи, студентите ретко се охрабруваат јавно да зборуваат. Нивниот претставник од овој дом им вети дека проблемот ќе биде решен.

„Јас гарантирам, ако сакате да дочекаме дека вода ќе има. Ако има проблем екипи ќе излезат пак.“ - вели Кирил Манасиев – претставник на студентите од „Стив Наумов“.

Министерката за образование, Рената Десковска вели дека активно работат на подобрување на условите во студентските домови, но потенцира дека проблем се старите долгови кои надминуваат и над 6 милиони евра.

„Сметката на студентскиот центар е блокирана и има големи долгови со кои се бориме.“ - вели Рената Дескоска – министерка за образование.

И старата и новата власт ветуваа подобри услови за студентите и изградба на нови домови, но ветувањата тешко се реализираат.

Со делумното реновирање на инвентарот во студентските домови, кое го започна минатата владејачка гарнитура, не се решија суштинските проблеми. Студентите и годинава, во екот на испитните сесии, ги тестираат своите граници на издржливост.


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.