ССМ треба да избере нов претседател

06.12.2017 | 12:17
Прочитано: 418

Денеска ќе продолжи и вонредниот конгрес на Сојузот на синдикати на Македонија којшто беше прекинат на 11 ноември, а на кој требаше да биде избран нов претседател.

Вонредниот конгрес на ССМ се одржа во Охрид и тогаш се очекуваше да биде избран нов претседател но воопшто не се пристапи кон гласање поради реакциите на дел од делегатите кои го сметаа недемократски изборот на претседател и поради барањето на в.д. претседателот на ССМ, кој беше и единствен предложен кандидат, да им се овозможи и на останатите кандидати да учествуваат во трката за лидер на ССМ. 

Беше договорено во рок од 30 дена, верификациона комисија на синдикатот  да ги утврди можните кандидати кои ќе бидат предложени за лидерската позиција во организацијата.

Единствен кандидат за претседател беше предложен в.д. претседателот на ССМ Дарко Димовски, кој според претседателството и советот ги исполнил условите. За претседателското место  конкурираа и Пеце Грујовски од УПОЗ и Ацо Антовски од полицискиот синдикат, но нивните кандидатури не беа прифатени со образложение дека не ги исполнуваат условите.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.