Стартуваа преговорите за нова Влада - Заев и Ахмети два и пол часа во седиштето на СДСМ

19.05.2017 | 18:49
Прочитано: 15419
Два ипол часа зад затворени врати на тет-а-тет муабет. Мандатарот Заев и неговиот иден коалицски партнер Ахмети се договориле идниот период да се договарaат за ресорите и министрите.
 
Денеска зборувале само за принципи и приоритети. Ова е заклучокот од синхронизираните соопштенија кои што стигнаа по состанокот на Бихаќка. Ресорите и идните минiстри ќе се договарале во наредниот период.
 
„Теми на средбата беа принципите на соработка, реформската Влада и ЕУ и НАТО интеграциите.Во наредниот период ќе се интензивираат динамиката и разговорите помеѓу двете партии, вклучително и со партиите што дадоа поддршка за состав на новата Влада на Р.Македонија, по што ќе се премине на конкретните решенија за ресорните министерства.“
 
Неофицијално, пресекот веќе е нацртан околу поделбата на владиниот колач. Според неофицијални информации, планот е на контото на Ахмети да се прокнижат 4 министерства и двајца вицепремиери: образование, економија, локална самоуправа и животна средина, здравство се ќе чува за Алијансата за Албанците додека, пак, БЕСА доколку реши да оди на Илинденска ќе добие нешто од министерствата на Заев. 
Со тоа бројот на министри од албанскиот блок што ќе заминат во Владата на Зеав ќе биде осум или девет. Очекувањата на Бихаќка се дека новата влада ќе биде избрана на крајот на идната недела, а за тоа да се случи треба викендов или најдоцна в понеделник да се финализира кабинетот. Токму затоа пораките дека за ресорите допрва ќе се разговара, за извори од мнозинството се нерелани. Особено, велат, кога Заев уште на првата средба со Ахмети во Мала Речица му испорачал план за поделба на министерствата. 
 
Сепак, партискиот портпарол Петре Шилегов конкретно не одговори на ниту едно прашање.
Со Беса и со Алијансата за Албанците состанок се очекува Заев да има викендов. Села, според информациите, се враќа вечерва во државата. Паралелно со преговорите за новиот состав се пегла и програмата на новата Влада за која што од СДСМ велат дека веќе е промовирана, што значи мандатарот очекува зад неа да застанат и од ДУИ, БЕСА И Алијансата. 

Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.