Странски туристи добиле труење од храна во хотел во Струга

16.07.2017 | 20:26
Прочитано: 2405

Тројца странски туристи се затруле со храна во хотелот „Изгрев“ во Струга.

Како што соопштија од министерството за внатрешни работи, медицински центар Струга пријавил дека на интерното одделение биле донесени една жителка на Холандија, како и две на Израел, кои биле сместени во хотелот „Изгрев“.

По укажаната лекарска помош лицата се пуштени на домашно лекување, а со случајот се запознати јавниот обвинител како и Државниот санитарен инспекторат.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.