Струмичани се простија од Зоран Маџиров

11.05.2017 | 19:25
Прочитано: 7154
Струмица се прости со Зоран Маџиров, човекот кој со музиката на шишиња го освои светот. Роднини, пријатели, колеги уметници за последен пат го поздравија космополитот кој секогаш имаше билет во еден правец, а во срцето ја носеше Македонија и Струмица.
 
„На 9 мај се случи трагедија, светот изгуби голем уметник. какошто Германија го имаше Моцарт, и нње го имавме Маџиров.“, изјави Даница Стојанова, пијанистка.
 
„Ќе се јават нови генерации кои ќе го продолжат неговиот пат, тој беше единствен кој свиреше на шишиња. “, изјави Горан Кукиќ, музичар.
 
Маџиров кој потекнува од уметничко семејство зад себе остави над 4000 концерти на шишиња. Свиреше во големи концертни сали и манифестации. Драган Маџиров тврди дека децата на Зоран ќе ја продолжат уметноста што не ја завршија татако им и неговиот брат актер Игор.
 
„Тука е Нина, ќерката која ќе ги одигра недоиграните улоги на чичко и Игор и Љубен неговиот син, кој ќе ги досвири недосвираните композиции на татко Зоки.“, изјави Драган Маџиров, роднина на Зоран.
 
Волшебникот на шишиња од Струмица во својата 30 годишна кариера има работени со повеке светски ѕвезди како што се Хари бела фонте, Тито Пуенте. Шкорпионс. Маџиров седум месеци беше во кома, откако лани во октомври тешко се повреди во сообраќајка кај Радовиш.

Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.