Студенти го окупираа универзитетот во Барселона

23.09.2017 | 19:25
Прочитано: 280

Неколку стотици студенти, поддржувачи на идејата за независоност на Каталонија го окупираа универзитетот во Барселона.

Претставник на студентите изјави дека тие се решиле на ваквиот чекор во знак на протест поради обидите на шпанската влада да го спречи одржувањето на референдумот за независонста, најавен за 1 октомври.

Шпанскиот Уставен суд донесе одлука за одложување на референдумот се додека не се изјасни по иницијативата на шпанската влада за оценка на неговата уставност. Каталонските власти пак го одбија барањето да ја предадат контролата над регионалната полиција на централната влада во Мадрид.

Каталонскиот министер за внатрешни работи денеска изјави дека прифаќањето на ваквото барање би и овозможило на шпанската влада дирекно да раководи со регионалната полиција, која Мадрид ја обвинува дека не презема мерки за спречување на референдумот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.