Судењето за насилството во Собрание одложено

18.05.2017 | 20:23
Прочитано: 4545
Две лица со лисици на рацете, беа спроведени од затворот во Шутка, едно лице од домашен притвор, а пет лица, на кои се на слобода, сами пристигнаа во судот на првото рочиште за крвавиот упад во Собранието.
Осум, од вкупно деветтемина обвинети за Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на должноста, седнаа на обвинителна клупа. Меѓутоа судницата беше претесна за да ги собере сите обвинети, нивните адвокати, оштетените дваесетина на број – личното обезбедување на пратениците, собраниското обезбедување и полицајци кои беа на првата линија на одбрана на пратениците од насилниците.
 
Немаше место ниту за јавноста. Од куќен притвор не беше спроведен единствено обвинетиот Ангеле Зафировски, попознат како бате Геле, што беше причина за судијката Милка Ангеловска Васовска да го одложи рочиштето за 23 мај.
 
Пред судот пак – протести. Неколку патриотски здруженија, се собраа пред Кривичен и им изразија поддршка на обвинетите. „Тврдокорните“ и „Ќосињата“ за време на судењето со транспаренти и пароли бараа правда и ослободување од натамошно гонење за деветтемина обвинети. Меѓу нив и Претседателот на велешкото здружение „Андон Лазов Јанев Ќосето“, Горан Ангелов, кој беше на распит во полициска станица, откако снимките покажаа дека и тој бил меѓу толпата која влезе во прес-центарот. 
 
Во судница како сведоци, меѓу другите, пристигнаа и лицата од обезбедувањето на Оливер Спасовски. Демонстрантите пред судот ги пречекаа со зборовите: „Каде ви е сега пиштолот?“, поради тоа што, при упадот во прес центарот, тие испукаа неколку куршуми во воздух, откако толпата посегна по пратениците.
 
Судењето го привлече вниманието на јавноста, а голем број новинарски екипи очекуваа изјави од обвинетите или нивните адвокати, но никој од нив не сакаше да зборува пред камери. Изјави одбиваа да дадат и нивните поддржувачи кои протестираа пред судот.
Деветтемина обвинети се дел од првата група која ја идентификуваше МВР, а за кои обвинителството покрена обвинение.
 
Двајца од обвинетите судењето го чекаат од притвор, двајца во кужен притвор а петмина беа пуштени со мерки за претпазливост. Делото за кое се товарат предвидува казна затвор во траење од три месеци до три гододини.
 
До сега полицијата поднесе ккривични пријави против триесетина лица кои покрај за спречување на службено лице во вршење службено дејствие се товарат и за учество во толпа што ќе стори кривично дело. За потешки дела, обид за убиство, единствено се товарат напаѓачите на Зијадин Села, таткото и синот на кои судот им изрече 30- дневен притвор.

Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.