Судир меѓу автобус и два автомобила - повредени вкупно 14 лица меѓу кои и поранешен министер на Албанија

16.07.2017 | 19:01
Прочитано: 30445

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево при судир меѓу автобус и два автмобила повредени се вкупно 14 лица, меѓу кои и поранешниот министер за финансии на Албанија, Арбен Ахметаи.

Според информации од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 17.30 часот на клучката на автопатот граничен премин Табановце - Куманово на кракот кој вклучува кон магитралниот пат за Куманово и Крива Паланка.

При судирот поранешниот министер кој се превезувал со еден од автомобилите марка „Ренџ ровер“ се здобил со телесни повреди, Две лица се тешко повредени и пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, а 11 лица со телесни повреди се пренесени во Медицинскиот центар во Куманово. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.