Тачи: Дијалогот со Белград влегува во нова фаза

11.08.2017 | 20:34
Прочитано: 936

Претседателот на Косово, Хашим Тачи најви дека преговорите меѓу Белград и Приштина од септември ќе влезат во нова фаза. Тој потенцира треба да се стигне до помирување и воспоставување на добрососедски односи со Србија.

Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека е подготвен за компромисно решение за Косово.

„Подготвен да учествувам во изнаоѓањето компромисно решение за Косово, решение од кое нема да бидат задоволни ни двете страни, бидејќи само такво решение и може да биде компромисно“, порача  Вучиќ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.