Тантуроски не ја коментира изјавата дека двајца функционери се под истрага

13.11.2017 | 12:50
Прочитано: 1158

Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со инструментот TAIEX на Европската комисија и во партнерство со Антикорупциската агенција на Република Италија денеска и утре во Скопје организира меѓународна работилница на тема „Превенција на корупцијата, судирот на интереси и заштита на укажувачите“.

Претседателот на Комисијата Игор Тантуроски, не сакаше да ја коментира неодамнешната изјава на премиерот Зоран Заев дека двајца функционери од владата се под истрага.

Според експертите ваквите  случаи во кои се водат постапки  против владини функционери не треба да се користат за   прибирање на политички поени.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.