Тежок инцидент во срцето на Њујорк, едно лице загина

18.05.2017 | 21:28
Прочитано: 3901
Едно лице загина а повеќе од 20 други се повредени денеска кога возило, што се движело со голема брзина, удрило во група пешаци на плоштадот „Тајмс сквер“ во центарот на Њујорк. Полицијата ги отфрли сите сомнежи дека станува збор за терористички напад. 
 
Според очевидци на настанот, возилото марка „хонда акорд“ намерно удрило во пешаците. Тие изјавија дека возилото преминало во спротивната лента од коловозот, по што се качило на тротораот и „почнало да ги гази пешаците“.
 
„Само што ја преминав улицата  упатувајќи се кон супермаркетот, во истиот момент  ја слушнав големата бучава која се создаваше од колата. Кога погледнав наоколу забележав како жена целата во крв лежи на земја, останатите кои беа наоколу изгледаа премногу лошо.“
 
„Кога се завртев да видам што се случува, ја видов колата која со голема брзина доаѓа директно во луѓето. Одеднаш се направи голем метеж, се што знам е дека жената е мртва и дека  голем број луѓе се повредени. “
 
Американските медиуми веднаш по немилиот настан го обелоденија идентитетот на возачот како Ричард Рохас. Рохас, кој е жител на Њујорк, е поранешен американски војник кој  имал и судско досие.  
Официјалните претставници на полицијата изјавија дека возачот најверојатно „загубил контрола“ врз автомобилот и дека станува збор за несреќен случај, а не за инцидент поврзан со тероризам.
 
„Најлошиот сомнеж кој што ми помина низ глава за среќа не се потврди, односно не е тоа што си помислив. Сакам да кажам дека не постојат сомнежи за денешниот немил настан да се поврзи со тероризам. Секако дека ќе продолжиме со истрагата околу овој немил настан, дополнително ќе информираме за текот на настаните. “ - изјави комесарот Џејмс О'Нил.
 
Веднаш по инцидентот, американската полиција го блокираше реонот околу „Тајмс сквер“. Како што јави „Њујорк тајмс“, претставник на противпожарната служба соопшти дека засега нема информации за состојбата на повредените лица.
 
Во 2010 година, „Тајмс сквер“ беше цел на напад од страна на пакистански имигрант кој поставил автомобил бомба при што обидот бил неуспешен, а тој бил уапсен при обидот во бегство. 

Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.