Титовиот „Син воз“ станува туристичка атракција во БиХ

16.04.2017 | 11:57
Прочитано: 9549

Железници на Федерација на БиХ ќе дадат на користење дел од Синиот воз на Тито на националниот парк Уна за унапредуавње на туристичката понуда на најмладиот парк на природата во тој дел од Европа.

Железници ветија дека на Националниот парк Уна ќе му дадат дел од Титовиот Син воз што се наоѓа во Рајловац, а кој сега е вон функција. Станува збор за најлуксузниот дел од возот - ресторан-вагонот што ќе биде поставен на железничката станица во Бихаќ.

Тој дел од Синиот воз ќе биде на располагање на туристички агенции за атрактивна панорамско возење низ Смарагдната долина. Возот како што е планирано ќе сообраќа на релација Бихаќ-Мартин Брод, низ срцето на Националниот парк Уна.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.