Тозија: Агенцијата за филм нема добиено никаков материјал од серијата „Македонија“

14.11.2017 | 19:07
Прочитано: 1141

Се уште ни трага ни глас од емитувањето на серијата „Македонија“ за која претходното раководство на Агенцијата за филм склучило договор вреден 4.6 милиони евра со хрватската продукција Јадран филм посочи денеска в.д директорот на агенцијата Горјан Тозија .

Иако рокот до кој требала да биде дистрибуирана и да се емитува серијата бил до 4 септември годинава , сепак Тозија тврди дека немаат добиено никакви материјали од проектот. До сега исплатени се дури 80 % од сретствата за првата сезона односно околу 1 милион евра. Проценките и пресметките на Агенцијата за филм укажуваат дека во просек само една серија чини околу 100 илјади евра.

„За жал, иако сите рокови од договорот се поминати, до денеска, немаме добиено серија, документи, известувања каде парите кои се веќе уплатени за првата серија, се потрошени Договорот за серијата изнесува 4,62 милиони евра.“ - вели Горјан Тозија в.д директор на Агенцијата.

Од владата и од Агенцијата за филм информираат дека за случајот се известени и институциите како МВР, но и финансовата полиција а велат известено е и Јавното обвинителство. Се води постапка за повраток на сретствата но и за прекинување на договорот. Сепак од ЈО ниту негираат ниту потврдуваат доколку се работи за случај во предистражна постапка.

Продуцентот на Јадран Филм, Винко Грубишиќ пак во телефонски разговор за тв 24 вели дека неколку пати се обиделе да стапат во контакт со одборот на Агенцијата за допрецизирање на термините но вели не успеале да ги добијат. И тој од своја страна најави и институционална разрешница.

„Тоа е неточно и ние ги почитуваме роковите согласно законот и договорот кој го потпишавме, побаравме корекција во динамиката и сегашниот в.д. директор озија нас не извести дека нема управен одбор кој може да донесе одлука и ние неколку пати писмено се имаме обратено на агенцијата.“ - вели Винко Грубишиќ од продукцијата „Јадран филм“.

Конкурст за филмот бил распишан на 25.11 2015 та година а од документите кои Агенцијата ги приложи како докази во јавноста се гледа дека продуцентот кој претходната Влада го платила и ангажирала за филмот како правно лице е регистриран дури 8 дена по објавувањето на огласот. Продукцијата како таква е регистрирана но од Владата велат дека кога отишле инспекциите на тоа место не било најдено претставништвото.

Во меѓувреме пак на социјалните мрежи на интернер почна да кружи и (трејлерот) краткиот приказ од филмски сцени од серијалот. Од Владата велат дека ни тој официјално не е доставен до нив. Велат дека во тој период биле направени и измени во Законот за филмска дејност со цел да се овозможи снимањето на серијата.

Според информациите од Владата велат дека во случајот кој се води во институциите се опфатени повеќе луѓе и очекуваат институционална разрешница на истиот.


Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.