Трговија со бебиња од Бугарија во Грција

20.04.2017 | 17:42
Прочитано: 4294
Бугарското специјално обвинителство започна голема истрага против 29 лица, повеќето од градот Камено откако грчката полиција откри ланец за продажба на бебиња во Грција. 
 
Од почетокот на годинава за криумчарење бебиња во Бугарија се осудени две лица а од обвинителството велат дека ваквиот криминал е многу тешко да се докаже а случаите се пријавуваат во полиција само ако жртвата на крајот не ги добие ветените пари.
 
„Причина за тоа е што ова кривично дело се врши во многу тесен круг на луѓе кои не сакаат продажбата да се шири надвор од семејството“ - изјави Димитар Георгиев, заменик обвинител во Бургас.
 
Според Невладините организации, децата кои се продаваат се претежно од ромските семејства кои, пак, парите од продажбата потоа ги користат за да се прехранат.
 
„Даваат по 5000 евра од кои шверцерот зема 3000. Сумите се различни и во однос на тоа дали се работи за момче или за девојче. За девојче е помалку.“
 
„Луѓето се гладни. Раѓаат и продаваат. Тоа си е лично нивна работа.“
 
Од невладините велат дека трудниците се носат во Грција каде се породуваат, а во целиот процес се вклучени адвокати и лекари.

Стојанчо Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.