Тринаесет браќа и сестри пронајдени врзани во куќа во Калифорнија

16.01.2018 | 13:29
Прочитано: 2774

Тринаесет браќа и сестри, на возраст меѓу две и 29 години, се пронајдени врзани и гладни во куќа во калифорнискиот град Перис, на 100 километри источно од Лос Анџелес.

Целиот случај е обелоденет кога едно од девојчињата, на возраст од 17 години, успеала да побегне од куќата и да се јави во полиција. Таа посочила дека нејзините 12 браќа и сестри се затворени во куќата од страна на родителите.

Од полицијата изјавија дека биле шокирани од она што го затекнале во куќата. Неколку од децата лежеле врзани со ланци за своите кревети, низ целата куќа било валкано а се чуствувала и многу лоша миризба. Родителите, 57 годишниот Дејвид Ален Турпин и 49 годишната Луиз Ен Турпин се уапсени и обвинети за мачење и загрозување на здравјето и животот на децата.

„Полицијата во куќата пронајде она што мислеше дека се 12 деца, но се шокираше кога сфати дека седум од нив, всушност, се возрасни. Жртвите изгледаа многу прегладнето и валкано“, соопшти полицијата на округот Риверсајд.

Децата кои биле изгладнети веднаш биле пренесени во неколку болници. Лекарите кои ги примиле децата биле запрепастени од она што го виделе.

„Во времето во кое живееме, многу е жално кога ќе сретнеме вакво нешто. Целиот персонал се чувствува многу лошо. Не може да се опише тоа што го видовме“, изјави Марк Уфер – Регионален Медицински центар во Корона.

Соседи велат дека биле изненадени кога дознале дека толку многу луѓе живееле во куќата. Неколкупати досега забележале дел од децата како бараат храна во кантите за отпад, но во период од три години колку што семејството живеело во нивната населба, никогаш не го виделе сите заедно.

„Постарите деца, мислев дека имаат по 12 години бидејќи беа неухранети и бледи“

„Ова е толку тажно. Не ми се верува дека се случи ова“

„Последен пат видов четири од децата во октомври. Поминав покрај нив без да ме поздрават. Тие изгледаа многу, многу уплашено, како никогаш да не виделе луѓе“

Американските медиуми јавуваат дека куќата во која живеело семејството била регистрирана како образовна институција и дека таму учеле шест деца а Дејвид Турпин бил заведен како директор. Родителите на Турпин велат дека се уште не можат да се соземат поради шокот кој го доживеале но и дека не го виделе својот син повеќе од пет години.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.