Тунески: ХЕЦ Света Петка е почната од СДСМ

01.08.2012 | 15:19
Прочитано: 1532
ХЕЦ Света Петка е инвестиција на СДСМ започната на 2004, изведувана според предвидената динамика до 2006, а требаше да биде завршена до март 2009 година, тврди Атанаско Тунески, од Економско социјалниот совет на СДСМ.
 
Тој информира дека ХЕЦ Света Петка е проектирана годишно да произведува околу 6,6 гигават часови електрична енергија, која ќе влијае на стабилноста на електро-енергетскиот систем и ќе го поштеди ЕЛЕМ од увоз на скапа интервентна струја од околу 6 ипол милиони евра годишно.
 
- Изградбата доцни три ипол години, и наместо за 34 месеци, објектот се привршува за 70 месеци. Договорот кој го имаше државата беше клуч на рака, со огромни пенали за инвеститорот доколку доцни, но наместо да наплати пенали од изведувачот на градбата, ЕЛЕМ му доплати дополнителни десетина милиони евра, рече на денешната прес - конференција Тунески. Тој посочи дека ако ХЕЦ Света Петка беше завршена во предвидениот рок во март 2009-та година, досега ќе се заштедеше нешто повеќе од 20 милиони евра за увоз на скапа струја која ќе беше добиена со работа на централата.
 
Обвини дека Владата не почнала и не инвестирала во ниту еден производен  електро-енергетски објект, а иако беа најавувани целосно се запрени проектите како Чебрен, Галиште, Бошков мост, Луково поле итн. Според него, во изминатите шест години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија увезла струја во вредност од 1 милијарда евра, пари кои што можеле да останат во земјата ако сами ја произведувавме, инвестирајќи во нови капацитети.
 
- Станавме земја зависник од увоз на скапа струја. Електричната енергија е двојно поскапена, имаме целосен недостаток на инвестиции во гасификацијата и други инфраструктурни објекти, рече Атанаско Тунески.
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.