Турција го повика светот да го признае источен Ерусалим за палестински главен град

13.12.2017 | 13:47
Прочитано: 1738

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска го повика светот да го признае источен Ерусалим за палестински главен град.

Повикот беше упатен на отворањето на вонредната седница на врвот на организацијата за исламска соработка на која присуствуваат лидери и високи претставници на муслимански земји.

Повик до  светските сили да го признаат Ерусалим за главен град на Палестина упати и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган  и порача дека САД би требало да ја поништат одлуката за признавање на тој град како престолнина на Израел.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.