Туск: Историјата на Балканот е подраматична од „Игра на тронови“

12.01.2018 | 12:09
Прочитано: 1368

Претседателот на Европскиот совет го спореди Балканот со серијата „Игра на тронови“. „Историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од сценариото за серијата „Игра на тронови“, иако без змејови“, нагласи Доналд Туск, во Софија.

Во својот говор, Туск, ги спомна приоритетите на новото ротирачкото претседателство со Европскиот совет, како и  европската перспектива на западен Балкан.

„Би сакале сегашноста и иднината на Балканот да се разликуваат од драматичните филмови. Луѓето од овој регион заслужуваат стабилност и просперитет“, истакна Туск.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.