Учениците повредени во сообраќајката пуштени дома, еден од возачите задржан на лекување

14.11.2017 | 15:40
Прочитано: 1656

Десет ученици се полесно повредени во сообраќајка на комбе и автобус на патот Демир Хисар – Кичево што се случила утринава.

Во автобусот се превезувале околу 30 ученици од основното училиште  „Гоце Делчев“ од Демир Хисар. Потешко повреден е еден од возачите, кој заедно со повредените ученици бил пренесен во Клинички центар Битола.

По укажаната  лекарска интервенција тие се пуштени на домашно лекување, потешко повредениот возач.

„Повредените деца се испратени во клиничка болница Битола без потешки повреди. Едниот од шоферите исто така е пуштен дома, а другиот шофер е задржан на болничко лекување, на ортопедија со повреди на карлицата и подливи на долни екстремитети“, изјави Зоран Лазаров, директор на Клиничка болница во Битола за ТВ 24.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.