Угина Најџел - „најосамената птица на светот”

08.02.2018 | 10:16
Прочитано: 1751

Љубителите на птици на Нов Зеланд тагуваат порди угинувањето на птица блуна (од родот морус басанус), по име Најџел, позната и како „најосамената птица на светот”, бидејќи на островот на кој живеела била единствената од својот вид.

Имено, Најџел долги години бил во соживот со голем број бетонски реплики на себе. Тој дури и се вљубил во една од статуетките.

- Најџел можеше да одлета кога сака, но остана, бидејќи беше среќен тука, рече ренџерот Крис Бел, додавајќи дека птицата угинала „од старост“.

Мртвото тело на Најџел е пронајдено покрај неговата „камена љубов“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.