УЈП во контрола на рестораните за Супер купот и фестивалите

09.08.2017 | 17:31
Прочитано: 3092

Супер купот во Скопје им отвори работа на даночните инспектори кои деновиве правеа вонредни контроли во кафеаните, хотелите и кај превозниците. Некои биле посетувани и два пати. Но и покрај укажувањето на инспекторите, газдите не го регистрирале прометот, не издавале фискални сметки и сакале да избегнат плаќање данок на државата. Даночните инспектори повеле неколку постапки пред истражните органи, за кривично дело-даночно затајување. Од УЈП велат дека мониторингот на готовинскиот промет сеуште трае зашто под лупа се и Пивофест и Струмица Опен фестивал.

„Бидејќи контролите се во тек, резултатите од засилениот мониторинг и спроведените мерки за обезбедување на даночна усогласување, ќе бидат соопштени на јавноста по завршување на активностите“,  велат од УЈП.

УЈП евидентирала 325 високоризични хотели, ресторани, кафеани, барови и превозници кои не ги почитувале даночните прописи. Угостителите издавале компјутерски сметки, печатени од обичен (нефискален) принтер.

Обид за изигрување на законот има и со стари фискални сметки , кои беа во примена до 2015 година, пред воведување на ЏИ ПИ ЕР ЕС фискализацијата.
Управата побара соработка од граѓаните во откривање и пријавување на неплаќачите.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.