Упасен Србин во Грција со 135 кг кокаин вреден околу пет милиони евра

03.12.2017 | 17:53
Прочитано: 7005

Грчката полиција уапси во близина на Атина државјанин на Србија со 135 кг кокаин, со улична вредност од околу пет милиони евра, објавија белградски медиуми.

Србинот чиј идентитет не е објавен, бил уапсен во приморското место Варкизи и се претпоставува дека е член на банда криумчари на дрога која снабдувала познати личности.

Полицијата во неговиот стан освен кокаинот пронашла и 12.000 евра. Проценките се дека вредноста на 135 кг запленетиот кокаин на илегалниот пазар е околу пет милиони евра.

Според грчки медиуми, кокаин масовно се појавил во ноќните клубови во Грција меѓу богата клиентела, а полицијата продолжува со истрагата „бидејќи криминалната група во која бил Србинот има десетици припадници“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.