Утре ќе се гласа законот за јазици

15.11.2017 | 10:09
Прочитано: 2560

Собранието утре ќе го гласа предлог законот за употребата на јазиците, бидејќи голем број пратеници беа отсутни од салата, по завршувањето на дискусијата и покрај најавите дека предлогот ќе биде изгласан денес. За утре точно на пладне е закажана 15-та седница, односно гласањето за законот за јазици.

Доколку законот биде поддржан од мнозинство пратеници на пленарна седница, истиот ќе биде даден на второ читање во матичните комисии каде може да се поднесуваат амандмани. До сега амандмани на владиниот предлог закон најавија и владеачкото мнозинство и опозицијата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.