Вангеловски го проверувал Акмис системот во гевгелискиот суд, Караџоски бил згнасен од новинарските текстови

13.10.2017 | 19:30
Прочитано: 5161

Претседателот на Врховен суд  Јово Вангеловски тргна  во поход да го подобрува функционирањето на АКМИС системот  и прв на мета беше гевгелискиот суд. Во кусо соопштение  Вангеловски ги реши дводневните дилеми.

Тој  објаснува дека ја почнал редовната пракса за проверка и заедно со информатичар го проверувале електронскиот систем кој ги прераспределува предметите кај судиите. Вангеловски никаде не ја поврзува неговата посета со проверките кои ги вршеле претседателот на судскиот совет Зоран Караџовски и уште двајца членови од советот во истовреме во гевгелискиот суд.

„Врховен суд на РМ- Во текот на 12.10.2017 година беше остварена работна посета на Основниот суд Гевгелија од страна на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и Раководителот на служба за информатика на Врховниот суд на Република Македонија при што беше извршена контрола на функционирањето на АКМИС Системот.
По добивањето на извештајот од анализата на функционирањето на АКМИС Системот ќе бидат донесени соодветни заклучоци, за кои јавноста ќе биде информирана.“ - велат од судот.

Откако два дена ги игнорираше медиумите и не споделуваше информации за извршениот увид во Гевгелија, претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски денеска вели дека е згрозен од новинарски текстови за увидот, кои ги нарече волшебни приказни. 

„Со индигнација (гнасење), ги отфрлам сите волшебни приказни дека сум преземал некакви активности, сум бил во гевгелискиот суд за да го спасам панчевски од сјо и слични небулози изнесени од некакви ликови кои пишуваат и зборуваат ословувајќи се како новинари и ги ставаат во длабока кал новинарите и новинарската професија. Образ или имаш или немаш. Чест или имаш или немаш. Почитување на другиот или имаш или немаш. Една убава македонска изрека вели – кој како се скроил, така ќе се искине.“

Во соопштението објавено на сајтот на судски совет Караџоски детално , со точен датум и час образложува како бил информиран за претресот кај судијата Панчевски и како биле преземени сите активности. Дали налогот кој го издаде гевгелиската судијка Злата Попова бил законски, Караџоски нема одговор во соопштението, оти тоа не било нивна надлежност. Тој пишува дека посетата во судот во Гевгелија се должи на покана од судијката Попова, која претходно била повикана и на разговор во Судскиот совет.

Во рамки на случајот Панчевски, во судскиот совет собирале и информации и од актуелниот претседател на Кривичен, Стојанче Рибарев. Во меѓувреме, Панчевски ги користи сите законски можности и поднесува претставки и известувања до надлежните институции. Тој најави и кривични пријави за сите специјални обвинители и истражители кои биле поврзани со претресите во неговиот кабинет и дом. СЈО го сомничи за три кривични дела, оддавање службена тајна, помагање и злоупотреба на службената положба.

 


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.