Вангеловски и Судски совет вршат увид во гевгелискиот суд за налогот за Панчевски

12.10.2017 | 13:08
Прочитано: 6411

Претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски и членови на судскиот совет вршат увид во гевгелискиот суд и го проверуваат налогот кој судијата го одобри за претрес кај поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, дознава тв 24 од свои извори.

Според нашите информации оваа акција следува откако Панчевски преку известување се жалеше до Судски совет дека специјалните обвинители незаконски постапувале и била применета физичката сила. 

Како што објави вчера ТВ 24, членовите на судски совет на затворен состанок го разгледувале случајот Панчевски и дилемата се јавила околу налогот, кој бил издаден од судот во Гевгелија, а не од Кривичниот суд. 

 

 

 


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.