Вардар загуби на гостувањето во Русија од Зенит (2-1), Блажевски постигна еврогол

23.11.2017 | 21:25
Прочитано: 1242

И по пет одиграни кола во фудбалската Лига на Европа, македонскиот првак Вардар останува без освоени бодови. Руски Зенит кој е сиурен лидер во групата, уште еднаш се потврди како апсолутен фаворит и не им дозволи на црвено-црните да му се реваншираат за убедливиот пораз од Скопје. На „Крестовски“,  вечерва домашниот тим беше поквалитетен, но ќе се памети евроголот на Блажевски.

На полувремето вардар имаше негатива 2-0 и покрај тоа што парираше на теренот во Русија. Резултатот го отвори Полоз во 16-та минута, откако вардаровата одбрана обезбеди голем простор за игра на домашните фудбалери па Полоз најдобро ја искористи ситуацијата. Зенит можеше и да го дуплра водството откако Новак направи прекршок за пенал. Но Гачевски се прикажа во одлично светло го обрани ударот од белата точка. На две минути пред крајот на полувремето аргентиенцот Ригони успеа да го зголеми водството на рускиот тим по една грешка на вардаровиот бек Демири.

Во дополнителните минути по регуларниот дел, Дејан Блажевски погоди за ублажување на поразот во финишот, а голот беше навистина прекрасен. Блажевски фантастично зафати волеј удар од 16 метри, по центрашутот на Фелипе и ја смести топката во мрежата на Лодигин за конечни 2-1.

На седми декември во шестото коло во Скопје гостува Розенборг.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.