Вечерва финале на Избор за песна на Евровизија

13.05.2017 | 17:40
Прочитано: 1673
Вечерва во киев ќе се одржи финалната вечер за избор за Песна на Евровизија. Претставничката на Македонија, Јана Бурческа  на овогодинешниот избор не успеа да обезбеди настап и на финалната вечер.
 
Претставниците на Бугарија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Данска, Израел, Романија, Норвешка, Холандија и Австрија, обезбедија пласман во втората полуфинална вечер. Додека на првата полуфинална вечер, финале обезбедија претставниците на Молдавија, Азербејџан, Грција, Шведска, Португалија, Полска, Ерменија, Австралија, Кипар и Белгија.
 
Инаку, македонската претставничка, во промотивното видео најави дека е бремена, а за време на паузата нејзиното момче ја побара за жена, што првпат се случува на некоја Евровизија.
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.