Велешани стравуваат дека следната зима ќе останат без огревно дрво

19.05.2017 | 18:55
Прочитано: 3186
Неколку граѓани кои се јавија во нашата редакција и кои замолија за анонимност, се плашат дека ќе останат без огревно дрво, иако имаат уредни уплати.
 
Загрижени биле поради најавата дека шумското нема доволни количини дрва за продажба. На оваа информација денеска реагираше и локалниот огранок на СДСМ.
 
Од шумското стопанство „Бабуна“ смируваат – не се точни обвинувањата дека дрва нема. Сепак, раководителот на подружницата кој во моментов е на одмор, пред десетина дена потврди дека проблеми со сечата има.
 
Пред четири дена, жителите на село Мелница со жив штит не му дозволија на концесионер да поминува со натоварени камиони по асфалтираниот пат. Деновиве шумското стопанство „Бабуна“ од Велес го тресат неколку скандали.
 
Покрај веќе споменатите, пред десетина дена, граѓани чии запленети возила се чуваат во кругот на складот за дрва, обвинија дека крадци, во соработка со вработени во шумското, им ги пљачкосуваат возилата.

Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.