Емисии

13.02.2018 - 01:56
Државниот пензиски фонд гази на тенок мраз – годишно му недоставуваат по 400 милиони евра за редовна исплата на пензии... Mожни ли се радикални промени без популизам – дали има решение за хронично болниот ПИОМ? - зголемување на придонесите и на староснта граница за пензионирање – дали се потребни нови политики и од каде да почнат итните реформи... Во Тренд анализа гости се Благица Петрески, институт за економски истражувања и политики, универзитетскиот професор Трајко Славески и Миле Бошков, организација на работодавачи.
12.02.2018 - 19:51
Дали сте за танц? Вечерва танцуваме со Сања Долежал. Сакаме да знаеме се, уште од детството, за професионалните почетоци, за она што не го знаеме за нејзниот настап на Евровизија, за настапите во Македонија. „Патот до успехот“ со женскиот дел од „Нови фосили“.
12.02.2018 - 18:09
Тема: ИСИЕ: Во последните четири години бројот на средношколци е намален за 15 000 илјади
12.02.2018 - 18:07
Тема: Хируршки боди лифтинг Гостин: д-р Емилија Атанасова-спец. по пластична и реконструктивна хирургија.
12.02.2018 - 15:42
Тема 1: Дали малите, големите и средните претпријатија треба да плаќаат исти казни кон државата? Тема 2: Венко Филипче: Пациентите ќе се водат на матична амбуланта, а не на матичен лекар Тема 3: Ќе се дислоцираат трите галии и ќе се урива мостот за панорамското тркало
12.02.2018 - 15:40
Тема 1: Дали малите, големите и средните претпријатија треба да плаќаат исти казни кон државата? Тема 2: Венко Филипче: Пациентите ќе се водат на матична амбуланта, а не на матичен лекар
12.02.2018 - 15:17
Гости: Илија Филиповски - виолинист, група „Маестро“ и Влатко Гроздановски - фудбалер
12.02.2018 - 15:15
Гостинка: Лилјана Атанасова - Лили
12.02.2018 - 15:13
Гостин: Руска Андреска - тренер по пливање и професор по спорт и спортски активности
12.02.2018 - 15:06
Гости: Јована Манчевска - каратистка и Стојан Андриевски - карате тренер
12.02.2018 - 00:24
Мултикултурализамот е европско богатство на овие простори... Серијал на фактор магазин, како македонскиот збор и албанскиот јазик се во одбрана на државноста и европските интеграции... Македонскиот јазик, нападнат и дома... Зошто лингвизмот не е алатка за говор со толеранција?...
10.02.2018 - 02:25
Македонија е подготвена за НАТО, но колку е подготвена да ја прескокне клучната пречка - спорот со името и по која цена? За Владата е прифатлива географска одредница, но колку ќе биде неизоставен дел од пакетот и промената на Уставот, ќе има ли референдум и дали тој ќе биде обврзувачки? Дали власта на сметка на коалициските интереси, ќе опстои на ставот Законот за употреба на јазиците да биде протуркан по секоја цена како што инсистира ДУИ? Можат ли да се оправдаат кадровските решенија во Министерството за одбрана? Гостин во 24 анализа, потпретседателката на Владата и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.