ВМРО ДПМНЕ: Апелацискиот суд замижа пред сите факти и приговори и ги продолжи притворите

12.01.2018 | 18:30
Прочитано: 1260

Апелацискиот суд денеска беше соучесник во уништувањето на правната држава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако скопска апелација ги потврди одлуките за продолжување на 11 осомничени за настаните од 27 април. Од опозицијата велат дека не било одлучувано според факти и докази, туку се работи за гола политичка конструкција.

„Судот замижа пред сите факти и аргументи. Судот замижа пред извештајот на Народниот правобранител во кој  јасно се вели дека полицијата извршила прекршување на законот при апсењето  со што извршила кривично дело непочитувајќи ги имунитетот но и пресумпцијата на невиност на пратениците“, стои во партиското соопштение.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.