Во Еквадор запленети 1,5 тони кокаин

14.02.2018 | 10:51
Прочитано: 504

Еквадорската полиција на аеродромот во градот Гвајкил заплени 1,5 тони кокаин, кои биле скриени во пакети со чоколада во прав превидени за извоз во Европа.

„Овие 1.500 килограми кокаин, скриени во чоколадни производи, требаше да бидат испратени во Австрија“, соопшти еквадорската полиција.

Од почетокот на годината, како што јави МИА, властите на Еквадор запленија околу девет тони наркотици, пред се кокаин и марихуана.

Лани во Еквадор беа запленети 98 тони дрога, а во 2016 година - 110 тони.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.