Во Кривичниот суд треба да почне судењето за „Таргет - Тврдина“

17.01.2018 | 09:35
Прочитано: 711

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи судење за споениот предмет „Таргет - Тврдина“ кој се однесува на незаконското прислушување и за уништување на опремата од прислушувањето.

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во Управата за безбедност и контраразузнавање Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков и шефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.