Во Њујорк нова рунда преговори за името

17.01.2018 | 09:26
Прочитано: 582

Нова рунда преговори ќе се одржи денеска во Њујорк меѓу преговарачите на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, со посредство на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц.

Посредникот во преговорите за името ќе се состане со преговарачите во напорите да се пронајде решение за речиси тридеценискиот спор меѓу двете земји.

Нимиц неодамна во интервју за грчката национална телевизија истакна дека нема да излезе со нов предлог за името, туку со предлог-идеи за кои веќе се дискутирало во минатото. Тој напомена дека постојат и други прашања освен името, како што се неговата употреба, но и прашањето за идентитетот, кое како што рече предизвикува голема загриженост во Македонија.

На состанокот во Њујорк, се очекува Нимиц да стави на маса иницијална рамка за надминување на разликите околу името.

Ова беше потенцирано на последата средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, која се одржа во Солун минатата недела.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.